
Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми.
Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа претрпе сериозни повреди на главата и ‘рбетот.
Вукобратовиќ зад себе остави бројни проекти, а јавноста најмногу го памети како режисер на култната телевизиска серија „Поодобар живот“.