Skip to main content

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар, ЗНАМ со советнички листи во над 50 општини

Лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор е одлучено  ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини.

– Движењето ЗНАМ – За наша Македонија започнува ново поглавје во своето политички делување. Нашите претставници во локалната самоуправа покажаа како вистински се управува со општините, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов.

Поврзани вести