Skip to main content

Премиера на „Фамилијата Адамс“ во Драмски театар на 25 декември

„Фамилијата Адамс“ во режија и адаптација на Теа Беговска е последната премиера за 2024 година која ќе биде изведена в среда на 25 декември во 20 часот во Драмски театар.

.Во претставата играат: Предраг Павловски, Трајанка Илиева Вељиќ, Гордана Ендровска, Нина Елзесер, Сашо Тасевски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Емилија Мицевска, Златко Митрески, Маја Вељкови Пановска.

Сценографија е на Никола Пијанманов, костимите на Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, музиката на Енес Беговски, а лореографијата е на Бојан Лазаров.

Фамилијата Адамс е „нормалното” во ненормалното. Како светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална. Во денешниот свет, каде секојдневието станува се’ поголем хаос, Фамилијата Адамс е можеби симбол за издржливост. Тие остануваат цврсти во својата посветеност еден кон друг, незасегнати од тој надворешен хаос. И така се’ до крај… се’ до крајот на животот… а и после тоа, велат од Драмски.

Поврзани вести