Skip to main content
iLtTSiBTpE8

Тошковски во Турција на средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдени одличната соработка меѓу братските народи

Министерот Панче Тошковски кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи во Република Турција, вчера оствари работна средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Како што соопштуваат од МВР, на средбата била изразена благодарност за топлиот прием и уште еднаш била потврдена одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како и на државно ниво и бил потврден фактот дека се работи за два братски народи кои делат меѓусебна почит, историја и традиција.

На средбата министрите ја разгледале состојбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти како и општата соработка меѓу министерствата и брзата и ефикасна размена на информации со цел борба со сите видови криминал, корупција и тероризам.

На иницијатива на турската страна се разгледувала и информација за постапка за стекнување на македонско државјанство на граѓани на Република Турција.

Двајцата министри разгледале и неколку документи на кои ќе се дефинира и понатамошната идна соработка како нацрт текст на договор меѓу владите на Македонија и Турција за заемно признавање и замена на возачките дозволи, договор за безбедносна соработка меѓу двете влади и нацрт текст на меморандум за соработка во областа на обуки со кои полициски службеници од двете држави ќе можат да добиваат континуирана обука и искуства со цел унапредување на своите професионални знаења и вештини.

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş