Никогаш веќе да не се разговара за историски прашања кои задираат во македонската особеност, никој нема право да го оспорува македонскиот национален идентитет“ – премиерот од срцето на Европската унија порача дека Македонија го заслужува своето место на масата во Брисел, меѓу народите кои споделуваат исти вредности и визија.
Досегашната дипломатска офанзива која се покажува како успешна и позитивните пораки што Македонија ги слушна периодов од Брисел ветар во грб за владината делегација која пред европските челници ги претставува предлог решенијата за откочување на евроинтегративниот процес и отворање на првиот кластер..
Да испратиме порака дека Македонија го заслужува местото во ЕУ, на истата маса заедно со нив бидејќи ние споделуваме исти вредности, веруваме,и тоа е да бидеме обединети во различностите. Состанок со Каја Калас, разговаравме за сите стравови како држава и народ ги имаме и се она што направивме во име на евроспките вредности и веќе никогаш не смееме да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, никој нема право да го оспорува нашиот многувековен идентитет, порача Мицкоски од Брисел