
Во однос на најавената реконструкција на Владата по локалните избори што ја спомена Мицкоски, спикерот Гаши потенцира дека тоа се води на ниво на лидерите на коалициските партнери и оти нема информации.
-Не сум разговарал со премиерот за реконструкцијата. Не е моја работа да разговарам околу тоа. Тоа треба да се води на ниво на лидерите на коалициските партнери. Како што знаете, јас не сум веќе дел од тие разговори. Штом премиерот и Владата поднесат предлог до Собрание за свикување на седница за нови предлози за министри, јас како што се предвидени роковите во Деловникот веднаш ќе ја свикам седницата. А во политичкиот дел кој ќе биде сменет, немам информации. Не сум повикан да ги знам, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши