Skip to main content

Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

МИА

Повозрасна жителка на Тетово пријавила дека била жртва на телефонска измама за наводна сообраќајна несреќа на нејзината ќерка. Станува збор за 79-годишна тетовка која според пријавата во полиција била измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци, соопшти МВР.

Лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите му ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена“, се наведува во соопштение од МВР.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во однос на зачестените телефонски измами за наводни сообраќајни незгоди, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека цел се повозрасните граѓани. Предупреди на поголема претпазливост и апелираше граѓаните да ги пријавуваат во полиција овие случаи.