Skip to main content

Тренерот на Лудогорец: Тешко е да се игра во Скопје

Тренерот на Лудогорец, Руи Мота, одржа прес-конференција пред денешниот натпревар помеѓу Лудогорец и Шкендија во Скопјe.


Успеавме да ги анализираме нивните натпревари. Игравме тука минатата година со мојот штаб. Знаеме дека играта е многу тешка. Се надеваме дека ќе го совладаме противникот.

Не можеме да седиме и да се жалиме на многуте натпревари. Нашата работа е да се опоравиме и да бидеме што е можно поподготвени.Шкендија е различна од тимовите против кои игравме досега.

Тие имаат различен систем и динамика. Системите се дел од играта. Не мислам дека системот може да ни го отежни. Главната работа е динамиката.

Поврзани вести