
Кандиатот за градоначалник на Општина Карпош Сотир Лукровски на средба со новинарите ги објави приоритетите доколку стане прв човек на една од најурбаните општини во Скопје. Тој вели дека како староседелец во Карпош добро ги знае проблемите со кои се соочуваат карпошани а тоа се пред се паркингот, зелените површини, хигената и проширување на капацитетите на градинките и училиштата.
Убедува дека има конкретни планови и визија како да го реализира она што ќе вети и да го исполни.
Тука пред се е запирање на бетоницацијата и ревизија на сите ДУП-ови и решавање на сите барања за легализација во период од две години..Ќе се погрижиме Карпош да биде и безбедна населба со подобрено улично осветлување и редари во училиштата. Свесни сме и за сообраќајниот метеж во Карпош и затоа предвидуваме 500 паркинг мета-објави Лукровски.

Лукровски вели дека треба да се работи и на безбедноста на зградите, санација на лифтовите и фасадите како и да се обезебедат рампи пред стамбените единици со цел олеснување на секојдневниот живот на граѓаните.