
На 19.08.2025 во 12:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ц.(36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека одвел 27-годишна девојка со посебни потреби од тетовско во хотел во Тетово и физички ја нападнал.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.