Skip to main content

64. Струшки вечери на поезијата почнуваат утре со традиционалното садење дрвце и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“, Иван Штрпка

Утре, 21 август во 10 часот почнува 64-то издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка. 

10:00 Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година

Парк на поезијата

12:30 Прес-конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка (Словачка)

Пијано сала –Хотел „Дрим

17:30 Изложба – „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков

Пијано сала – Хотел „Дрим“

20:30 Официјално отворање на Струшките вечери на поезијата 2025 година

Центар за култура „Браќа Миладиновци“

21:00 „Поетски меридијани“ – Меѓународно поетско читање

Центар за култура „Браќа Миладиновци“

64-тото издание на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата почнува утре, 21 август.  Фестивалот, кој ќе трае до 25 август, со учество на 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, земјава и регионот, традиционално ќе започне со садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка (10:00ч)

Во 12:30 часот ќе се одржи прес-конференција со лауреатот.

Свеченото отворање на Фестивалот е закажано во 20:30 часот во Центар за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Фокусот на годинашното издание е Глаголицата. Токму затоа, за негова промоција подготвени се графички и видео содржини, кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонд, кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку првите преводи на она што го знаеме како старословенски јазик.

Во сообразност на годинашниот концепт на Фестиваот ќе биде и изложбата – „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков во хотел Дрим, Пијано сала. (17:30).

На програмата се меѓународни поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025. Неизоставен дел се и портретите на добитниците на „Златен венец“, традиционално во црквата „Света Софија“ во Охрид, „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ за 2024 година и „Млада Струга“.

Новина годинава е враќањето на препознатливите содржини Струшките вечери на поезијата, како што се читањата кај споменикот на Свети Климент на плоштадот во Охрид и патувањето со брод и поетското читање на „Свети Наум“. Поетското матине годинава ќе биде во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

На 64. Фестивалско издание ќе бидат презентирани врвни светски имиња, а ќе бидат објавени и тројазична луксузна монографија на лауреатот Иван Штрпка, како и други значајни публикации. Меѓу нив е и книгата на добитникот на награта „Мостови на Струга“, Матеуш Шимчик, книгата на минатогодишниот добитник на нашата најзначајна книжевна награда, наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот, на академик Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“, која излегува во превод на англиски јазик.

СВП годинава објавува една ретка антологија „Дионис и свети Трифун“, панорама на македонската винска поезија, која ќе биде презентирана во соработка со нашите стратешки партнери Тиквеш, што е наш прилог во одбележувањето на 140 години од постоењето на винарската визба Тиквеш.

Покровител на манифестацијата е претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а како национална установа е финансирана од Министерството за култура и туризам.

ЧЕТВРТОК

Август 21, 2025

10:00 Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година

Парк на поезијата

12:30 Прес-конференција со добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка (Словачка)

Пијано сала – Хотел „Дрим“   

17:30 Изложба – „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков

Пијано сала – Хотел „Дрим“

20:30 Официјално отворање на Струшките вечери на поезијата 2025 година

Центар за култура „Браќа Миладиновци“

21:00 „Поетски меридијани“ – Меѓународно поетско читање

Центар за култура „Браќа Миладиновци“

ПЕТОК

Август 22, 2025

09:30 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година

Пијано сала – Хотел Дрим

10:00 Поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка

Пијано сала – Хотел Дрим

11:30 Портрет на Катица Ќулавкова, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2024 година и промоција на преведеното издание во едицијата „Плејади“

Пијано сала – Хотел Дрим

12:30 Портрет на добитникот на „Мостови на Струга“ за 2025 година, Матеуш Шимчик (Полска)

Пијано сала – Хотел Дрим

14:30 Современа македонска поезија – поетско читање

Пијано сала – Хотел Дрим

18:00 Претставување на книгите објавени во едицијата Плејади – Антонела Анеда (Италија)

            Струшки ќепенци Хотел Дрим

18:30 Претставување на тематската антологија „ДИОНИС И СВЕТИ ТРИФУН“ (панорама на современата македонска винска поезија)

Струшки ќепенци Хотел Дрим

20:00 Вечер на ВЕРСОПОЛИС

            Летна сцена, Центар за култура

21:00 Поетски портрети

Летна сцена, Центар за култура

22:00 „Кругови“ – Меѓународно поетско читање

Летна сцена, Центар за култура

23:40 Врачување на наградата „Млада Струга“ за 2025 година

Летна сцена, Центар за култура

00:00 Ноќ без интерпункција: музичко-поетски перформанс

ПРВ ДЕЛ – ВИНО И ПОЕЗИЈА

ВТОР ДЕЛ – ЕНХАЛОН  

Летна сцена, Центар за култура

САБОТА

Август 23, 2025

10:00 „Матине“, меѓународно поетско читање и посета на Охрид и знаменитостите на градот

Предворје на црквата Света Богородица Перивлепта – Охрид

11:30 Современа македонска поезија – поетско читање

Пијано сала – Хотел Дрим

12:30 Прес-конфереција – прoгласување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година

Пијано сала – Хотел Дрим

14:30 Претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2025 година

Пијано сала – Хотел Дрим

19:00 Поетски портрет на поетот-лауреат на „Златен венец“ на СВП за 2025 година Иван Штрпка (Словачка)

Црква „Св. Софија“, Охрид

21:00 „Созвучја“  – Меѓународно поетско читање

Плоштад во Охрид – сцена кај споменикот на Св. Климент

23:45 Ноќ без интерпункција: музичко-поетски перформанс

ПРВ ДЕЛ – ВИНО И ПОЕЗИЈА

ВТОР ДЕЛ – ЕНХАЛОН  

Летна сцена, Центар за култура

НЕДЕЛА

Август 24, 2025

09:30 Излет до манастирот Св. Наум со брод и посета на изворите на реката Црн Дрим

12:30Поетско читање

Предворје на манастирот Св. Наум

15:00Доделување на наградата за најдобра песна посветена на винотоIn vino veritas (на бродот)

20:30 „Мостови“, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”

„Мост на поезијата“ – Струга

00:00 Прогласување на добитникот на наградата „Енхалон“

„Дипломат сала“ –  Хотел „Дрим“

ПОНЕДЕЛНИК

Август 25, 2025

12:00

„Поезија на пат“ – Кавадарци

  • Посета на Музејот на виното
  • Промоција на ДИОНИС И СВЕТИ ТРИФУН (панорама на македонската винска поезија)
  • Поетско матине

Винарска визба „Тиквеш“ Кавадарци

Поврзани вести