Skip to main content

Музичката манифестација „Незаборав“ вечерва по 15. пат во Битола

Во Центарот за култура во Битола вечерва (20 август) вод 20 часот ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Незаборав“ која годинава одбележува 15 години постоење. Манифестацијата е посветена на македонски ммузичари кои оставиле белег во македонското музичко творештво, а се поврзани со Битола.

„Незаборав“, чиј автор е продуцентот Панде Димитровски, вечерва ќе биде ретроспектива на изминатите 14 приредби посветени на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата „Битолски конзули“, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски-Бојс, Песни за Битола – прв и втор дел, Песни од Интерфест 92-96 и Тоде Новачевски.
На концертот во живо ќе настапат познати битолски музичари и изведувачи.

„Незаборав“ се реализира со поддршка од Општина Битола, во рамките на „Бит Фест“.

Поврзани вести