Skip to main content

Целосно ќе се реконструира пругата Скопје-Кичево: Ќе биде готова за 2 до 2,5 години, а се проценува дека ќе чини повеќе од 300 милиони евра

Министерот за траспорт и врски, Александар Николоски, на прес-конференција соопшти дека Владата одлучила целосно да ја реконструира пругата од Скопје за Кичево.

Ова е следна точка во делот на реконструкција на железничката инфраструктура во змејата.Во моментов невозможно е по неа да оперираат возови. Ќе ја реконструираме и електрифицираме и ќе биде поставена нова сингнализација. Разговаравме со ЕУ за гранд од 5,3 милиони евра за изработка на на физибилити  студија,  идејни проекти, проценка за влијание на животната средина и нацрт текст на апликација за инвестициски грант. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за тоа. Таа ќе избере фирма консултант за изработка, а сите документи, според стандардите на ЕБРД, треба да бидат готови за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата – рече Николоски.

Според него, со оглед дека  новата пруга ќе биде поставена на сегашната траса нема да има дополнителни трошоци и застои за изградба на пругата.

Изградбата на пругата ќе трае од 2 до 2,5 години и ќе почне веднаш по завршување на постапката за подготовка која треба да биде завршена според процедурите на Европската банка за обнова и развој. Пругата ќе биде целосно нова, но за неа нема да има потреба од дополнителни имотноправни проблеми да се решаваат, нема да има експропријации – рече Николоски.

Засега не се знае колку ќе чини реконструкцијата на пругата, но Николоски  посочи дека индикативната цена е повеќе од 4 милиони евра.

Имам идикативна цена за делот од Скопје до Гростивар која изнесува повеќе од 4 милиони евра по километар или повеќе од 300 милиони евра ќе чинат 79-те километри пруга од Скопје до Кичево. Сите можности за финансирање на рекострукцијата на пругата ќе ги користими. Број еден ќе биде најевтини средства како што тоа е и за брзата пруга и пругата кон Бугарија – рече Николоски.

Поврзани вести