
Акциите на европските одбранбени компании се соочуваат со стрмоглав пад по средбите на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателоте на Русија и Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски, со што се раздвижи процесот на преговори за војната во Украина и можноста за скорешно постигнување мир.

По ваквиот развој на настаните, акциите на германскиот „Рајнметал“, британскиот „БАЕ Системс“ и францускиот „Талес“ паднаа за околу 4%, додека италијанскиот „Леонардо“ и германскиот „Ренк“ се соочуваат со пад од 7%.
