Skip to main content

Пожарникари на ДПД Кочани после обука во Србија интервенираа на пожар кај Табановце

Седумчлена екипа на Доброволното против пожарно друштво од Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во Србија, во организација на Рускиот хуманитрен центар кај северниот сосед и ДВД „Стефан Синџелиќ“ од Ниш.

Доброволците од Кочани собираа искуство во прва помош, во спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и во алпинистичко качување и спуштање со јаже.

На враќање од Србија на граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници било побарано од нив да интервенираат на пожарот кој му се заканувал на просторот и објектите на самиот граничен премин.

Поставивме линија од хидранска мрежа и интервениравме во координирана акција со Дирекција за заштита и спасување и по двата прелета на два ер трактори со 100 отстотна ефикасност нашата екипа се повлече од местото упатувајки се кон дома, раскажаа дооброволците од ДПД Кочани, кои по пристигнувањето во градот упатија благодарност до организаторите од Србија за максималната посветеност и професионално изведените обуки, како и за нивната гостопримливост.

Поврзани вести