
Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 10 до 13 часот.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk, информираат од Град Скопје.
Од Градот ги повикуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.
Град Скопје, во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година, организира јавни дискусии со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.