Skip to main content

Пијани возачи по македонските патишта – пет лица приведени

Пет возачи се лишени од слобода во текот на вчерашниот и денешниот ден во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, откако биле фатени дека управувале возила под дејство на алкохол. Двајца од нив предизвикале и сообраќајни несреќи, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Неготино: На улица „Јане Сандански“ полициски службеници го лишиле од слобода 55-годишниот Е.Л., кај кого биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.

Кавадарци: Во 22:30 часот бил приведен 24-годишниот И.В., кој учествувал во сообраќајна несреќа управувајќи „фолксваген голф“ со 1,58 промили алкохол.

Скопје: На улица „Цветан Димов“ е лишен од слобода 49-годишниот А.С. кој предизвикал сообраќајна несреќа со „форд“ и управувал со 3,30 промили алкохол во крвта.

Куманово: На булевар „Трета македонска ударна бригада“ полицијата привела 48-годишен возач на „форд“ со 1,70 промили.

Битола: На улица „Св. Нектариј Битолски“ бил приведен 48-годишниот О.В. од село Баница, кој возел „фиат“ со 1,82 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека сите случаи ќе бидат целосно документирани, а против приведените ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести