Skip to main content

Зеленски: Не ни треба уште еден прекин на огнот, туку вистински мир

Фото: Facebook/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде ново соопштение по средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, велејќи дека „мора да се постигне вистински мир“, а не само „уште еден прекин меѓу руските инвазии“.

Неговите зборови доаѓаат откако на разговорите во Алјаска не се успеа да се постигне договор за прекин на огнот, а Зеленски воопшто не беше поканет на средбата.

Американскиот претседател Трамп подоцна изјави дека сите страни се согласиле дека треба да се склучи мировен договор меѓу Русија и Украина, без претходен договор за прекин на огнот.

Воедно, претседателот на комисијата за надворешни работи на украинскиот парламент, Олександр Мережко, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, со предлогот за замена на прекинот на огнот со мировен договор, всушност застана на страната на рускиот претседател Владимир Путин.

-За жал, Трамп го зазеде ставот на Путин, а тоа беше барање на Путин“, изјави Мережко за британските медиуми.

Според него, Путин под терминот „мировен договор“ подразбира неколку „опасни работи“ за Украина.

-Во визијата на Путин, ова значи дека Украина нема да се приклучи на НАТО, дека неговите апсурдни барања за денацификација и демилитаризација, како и статусот на рускиот јазик и Руската православна црква, ќе бидат прифатени, рече Мережко.

Поврзани вести