Дванаесетгодишно момче се бори за живот откако било застрелано во глава, а полицијата ја истражува можноста за обид за убиство, наводно извршен од негов 14-годишен другар, објави денеска „Билд“.
Момчето во неделата вечерта со спасувачки хеликоптер било пренесено во болница во Штутгарт.
Сè уште не е позната неговата состојба. Чекаме информации од докторот, рекол роднината на момчето.
Полицијата набрзо потврдила дека не станува збор ниту за обид за самоубиство, ниту за несреќа.
Портпаролот на јавното обвинителство во Ротвеил, каде што се случи несреќата, Робин Шреј, изјави дека тие го истражуваат случајот како обид за убиство.
Детето живеело со своето семејство во мирниот град Ирслинген, населба со околу 900 жители.