Skip to main content

Концерт на Вероника Караколева и Фросина Џини на Велешко лето

Во Ликовен салон во Велес вечерва со почеток во 20 часот концерт ќе одржи сопранот Вероника Караколева, а придружувана од пијанистката Фросина Џини. Концертот е во рамки на културната манифестација „Велешко лето“ што го организира Општина Велес.

Караколева пред љубителите на оперското пеење во својот роден Велес, ќе изведе програма составена од италијански арии од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи како и хрватски, германски и македонски песни од хрватскиот композитор Јосип Хаце, од македонскиот композитор Тодор Скаловски и од германскиот композитор Франс Шуберт.

За сите љубители на музиката влезот за вечерашниот концерт е слободен.

Инаку Вероника Караколева последен концерт во Велес одржа на 15 јули 2023 година, а тогаш беше придружувана од пијанистката проф м-р Дилек Реџеп.

Поврзани вести