Skip to main content

Филипче и Заев на јахта на Халкидики: Венко тренира да го фрли сидрото да влече напред на локалните избори

Плусинфо

Додека во Скопје, покрај пеколното време, се вжештува и политичката дебата пред кампањата за локалните избори, актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, предизборно си ги ладат на луксузна јахта на брегот на Егејското Море, пишува „Плусинфо“.

Порталот објавува фотографија снимена денеска, на вториот крак на Халкидики, пред ексклузивната кафеана „Панос“. Ексклузивниот пловен објект е на Зоран Заев и е закотвен на третиот крак.

Како што комментираат од „Плусинфо“, паѓа во очи распоредот на екипажот на ова пловило. На „клунот“ на јахтата е Венко Филипче и веројатно тренира да го фрли сидрото да влече напред. Позади, кај моторот, е неговиот ментор Зоран Заев. Да се знае кој е моторна сила на партијата и кој дејствува од заднина.

На јахтата не се гледа најдобро третиот важен лик од друштвото, градоначалничкиот кандидат на СДСМ за скопската општина Аеродром – Александар Трајаноски.

Повеќе на „Плусинфо“.

Поврзани вести