Skip to main content

Универзумот ќе е особено дарежлив кон овој знак до крајот на 2025 година, вели грчки астролог

Грчкиот астролог Стелиос Карајанис тврди дека космичките влијанија до крајот на годината особено ќе се сконцентрираат на еден хороскопски знак – и тоа во најпозитивната можна смисла. Според него, универзумот ќе направи сè за да му донесе среќа, успех, љубов и лична исполнетост во речиси сите животни аспекти.

За нив, секој нареден ден ќе биде чекор понапред кон нивните соништа. Енергијата на планетите, особено на Јупитер и Венера, многу ќе им оди во прилог – а кога тука ќе се приклучи и поддршката на Плутон во знакот на амбицијата и обновата, резултатот ќе биде спектакуларен, рекол Карајанис.

Знакот кого го очекува период на ренесанса е ЛАВОТ – огнен, харизматичен и горд хороскопски знак.

Сето тоа со коешто се соочувале лавовите претходните години – разочарувањата, борбите, загубите, емотивните и професионалните застои – сега конечно сè ќе добие смисла. Универзумот се отвора за нив и им дава шанса да заблескаат во полн сјај.

Љубов, кариера, финансии – лавовите добиваат сè

Љубовниот живот на лавовите ќе процути како никогаш досега. Оние што се сами може да очекуваат судбинска врска, најверојатно преку необична средба, далечно патување или враќање на личност од минатото со која сега имаат шанса да започнат нешто сериозно. Оние што се во врска ќе ја продлабочат врската, а многу Лавови ги очекува и брак, принова или заеднички живот.

Кариерата ќе им донесе голема сатисфакција – преку можност за унапредување, преминување на подобро работно место или отворање сопствен бизнис. Сè што ќе започнат ќе има потенцијал да стане успешно. Лавовите ќе станат магнет за вистинските луѓе, добрите можности и важните контакти.

Финансиската ситуација се стабилизира, а од октомври влегуваат во циклус на голем прилив на пари. Многу Лавови конечно ќе почнат да живеат онака како што отсекогаш сакале – без ограничувања, со повеќе слобода и самодоверба.

Духовна преродба и нова смисла

Она што го прави посебен овој период не е само надворешниот успех, туку и внатрешниот мир и јасност. Лавовите ќе донесат важни одлуки, ќе ги затворат поглавјата што ги задушувале и ќе започнат живот што навистина ги исполнува.

Тие нема само да доживеат среќа – тие ќе станат среќа, порачува Карајанис.

Совети од астрологот за лавовите:

  • Не игнорирајте ја интуицијата. Слушајте го внатрешниот глас – ќе ве води кон вистинските избори.
  • Ослободете се од минатото. Што и да ве кочело – сега е време да се опуштите.
  • Дозволете си да заблескате. Не плашете се од успехот. Дозволете си да станете најдобрата верзија од себе.

До крајот на 2025 година Лавовите ќе го живеат она што до вчера можеле само да си го замислат. Секој ден ќе им носи нова доза на радост, надеж и исполнетост. Ако сте лав – подгответе се. Ако имате Лав во својот живот – бидете му поддршка.

Поврзани вести