Skip to main content

Во Вашингтон договорен стратешки дијалог меѓу Србија и САД

ivan-aleksic-on-unsplash

Американскиот државен секретар Марко Рубио, на средба во Вашингтон, се согласи со министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, дека Србија и САД ќе одржат билатерален стратешки дијалог подоцна оваа година со цел зајакнување на економските и безбедносните односи, соопшти Стејт департментот.

На Веб страницата на Стејт департментот се нагласува дека САД се посветени на заемно корисен однос со Србија, што може да придонесе за граѓаните и интересите на двете земји.

Во соопштението се наведува дека се разговарало и за важноста од деескалација на тензиите на Западен Балкан, првенствено во Косово и Босна и Херцеговина, како и за тоа како да се подобри регионалната стабилност и да се подготви теренот за економски раст и напредок.

Поврзани вести