Компанијата Еуровиа ДООЕЛ реагира на текстот објавен во „Република“ на 16.12. 2024 година со наслов „Бајрами и Груби“ главни во мрежата на ДУИ наречена Лотарија“.
Оттаму сметаат дека се невистини тврдењата во текстот поврзани со организацијата на Самитот на ОБСЕ минатата година а во кои се споменува нивната компанија.
Категорично ги отфрламе сите наведени обвинувања и инсинуации поврзани со нашата компанија Еуровиа ДООЕЛ. Особено реагираме на тврдењата кои без основа ја доведуваат нашата компанија во врска со финансиски трансакции и наводни договори кои никогаш не се случиле-реагираат од Еуровиа.
Додаваат дека таков договор никогаш не склучиле ниту пак примиле исплатаза договор кој се споменува во текстот.
Еуровиа ДООЕЛ никогаш не склучила таков договор, ниту пак примила било каква исплата за договор кој што го споменвате. Сите финансиски трансакции на компанијата се транспарентни, документарно поткрепени и достапни за надлежните институции – стои во демантот на Еуровиа.
Од компанијата велат:
Сите финансиски транскации на компанијата се транспарентни, документирано поткрепени и достапни за надлежните институции.
Н крај посочуваат:
Овие невистинити тврдења сериозно го нарушуваат угледот на нашата компанија, семеен бизнис изграден врз принципите на чесност, посветеност и напорна работа. Со долгогодишен труд и залагање, успешно сме реализирале бројни значајни проекти во земјата и регионот, притоа создавајќи позитивно влијание врз заедницата и обезбедувајќи работни места стотици луѓе.