Skip to main content

Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје

 Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.

На настанот ќе присуствуваат и министрите за одбрана и за спорт Владо Мисајловски и Борко Ристовски.

Инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари.

По завршувањето на инвестицијата, спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на Министерството за одбрана, за тренинг на питомците на Воената Академија, но ќе бидат обезбедени термини и за учениците и жителите на Општина Аеродром.

Предвидено е по церемонијата на поставувањето на камен темелникот на салата, премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми, соопштија од владината прес-служба.

Поврзани вести