Skip to main content

По војна, Тајланд го зафати и поплава

 Во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Вифа загинаа шест лица, а повеќе од 230.000 луѓе низ Тајланд беа загрозени на некој начин, соопштија денеска официјалните лица на земјата за управување со вонредни состојби.

Според податоците на тајландскиот Сектор за спречување и ублажување на катастрофи, обилните дождови што почнаа на 21 јули предизвикаа поплави во 12 провинции, главно во северните и централните региони, пренесува денеска телевизијата Си-Ен-Еј од Сингапур.

– Внимателно го следиме влијанието на тропската бура Вифа и координираме со погодените провинции за да им помогнеме на оние на кои им е потребна помош, се вели во соопштението на агенцијата објавено на нејзината официјална страница на Фејсбук.

Поврзани вести