Skip to main content
Edu7NjwhS20
Кој не гласаше за интерпелација на Коцевски

Еве зошто никој од СДСМ не е во затвор

Од вчерашното гласање на СДС во Собранието, каде не ја поддржаа интерпелацијата за главниот обвинител Љупчо Коцевски, се е јасно. СДС го штити Коцевски, а Коцевски за возврат го штити СДС и нивните кадри потонати до гуша во криминал за да не одговараат.Негласањето на СДС за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е одговор на прашањето, зошто никој од СДС не е во затвор, а има низа постапки, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Сега е јасно и кој ја мати водата за Кочани. Истите тие кои претпладне правеа пресови за Кочани, сега сметаат дека Коцевски добро ја работел работата.Очигледно е кој свири, а кој игра во обвинителството. СДС силно удира на тапани, а Коцевски игра како ќе му кажат. 

Заради овој однос на СДС и начинот на кој ја киднапирале цела судска власт довербата во правосудството е помало од 2%.СДС гледа на нивниот обвинител Љупчо Коцевски како на последно упориште. Во тоа им се приклучува и ДУИ, кои заедно со Коцевски бараат спас за криминалот на Филипче, Заев и Али. 

Тоа е всушност и пораката од СДС до Коцевски, или е со штитот или на него, кој во периодот кој доаѓа ќе треба да извршува се повеќе насоки.

Оттука го повикуваме Коцевски да покаже грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието, и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да си поднесе оставка.

Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДС и ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата.

Поврзани вести