
Во денешната акција за гасење пожар во реонот на Струмица на планината Готен, двата хеликоптера на МВР исфрлија повеќе од 70 тона вода.
Од МВР истакнуваат дека продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.