Skip to main content

Масовна полициска акција за подметнати пожари – 27 лица се уапсени

Синоќа, на патеката кон Средно Водно, граѓанин пријавил сомнителна ситуација – натрупан мебелски отпад, хартиени кеси и гранки, подготвени за потпалување. Полицијата брзо реагирала и спречила можен пожар.

Министерството за внатрешни работи информира дека од почетокот на годинава досега се приведени 27 лица, а поднесени се 19 кривични пријави поврзани со предизвикување пожари. Освен тоа, од воведувањето на забраната за движење во шуми без дозвола на 1 јули, затекнати се 18 лица, за кои ќе следуваат пријави по Законот за шуми.

За поефикасно спречување и рано откривање на пожари, МВР користи дронови за мониторинг на шумски појаси низ целата држава. Институциите покажуваат засилена посветеност во борбата против пожарите, со цел да се заштитат природата и животите на граѓаните.

Поврзани вести