Skip to main content

За првпат во македонски музеј – виртуелна реконструкција на музејски предмети со вклучено имерзивно искуство за посетителите!

Археолошкиот музеј потпиша договор за реализација на проектот со здружението за развој на игри „Галактик Омнивор“ од Скопје и со проф. Лазе Трипков како проектен лидер и креативен советник. Проектот има за цел да ја оживее легендарната „Голема Мајка“ од Тумба Маџари преку VR технологија.

Посетителите наскоро ќе можат да го истражат овој симбол на неолитската култура преку интерактивно, имерзивно искуство во виртуелна реалност – прво од ваков вид во македонски музеј!

Проектот вклучува тим од археолози, дигитални дизајнери и програмери, и се базира на научно истражување, прецизно 3D скенирање и верификувана реконструкција. Врз основа на факти, не на фантазија – за да добиете најблиско можно доживување на минатото.

Следете нè – наскоро ќе погледнеме во неолитот низ очите на иднината.

Поврзани вести