
Церемонијата на затворање на ЕМОФ 2025 ќе се одржи утре, (сабота, 26 јули) во 20:30 часот на паркингот пред спортскиот центар „Јане Сандански“.
Официјалната церемонија на затворање на ЕМОФ 2025, на којашто официјално обраќање ќе има претседателот на Организациониот комитет на ЕМОФ 2025, Даниел Димевски, Претседателот на Европските олимписки комитети, г. Спирос Капралос и градоначалничката на градот домаќин на летниот ЕМОФ 2027 – Лињано Сабјадоро, госпоѓата Лаура Џорџи.