На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеа двајца сведоци, Елвис Ибраими и Тодорче Георгиевски.
Ибраими, виш инсектор во СВР Скопје учестувал во претресот на 3.12. 2023 година во селото Глумово во куќата на Баже Палевски, брат на обвинетиот Љупчо. Ибраими објасни дека при претресот биле одземени лаптот, таблет и ајфон. При тоа телефоните на членовите на семејството не биле запленети туку задржани на масата додека траел претресот. Од еден од телефоните Баже во пристуство на полицијата се јавил кај својот адвокат кој набрзо дошол.
Сличен исказ даде и Тодорче Георгиевски од секторот за компутерски кримиминал кој рече дека не постои можност некој од членовите на семејството Палевски да вртел на телефон додека полицијата била таму.
Но, во судницата настана целосен шок кога Љупчо Палевски индиректно призна дека брат му сепак вртел на бројот на Вања.
Кога е вршен упадот Вања е мртва веќе пет дена. Зошто полицијата не го повика брат ми да каже дали вртел? праша обвинетиот Палевски.
Како што дознава „Република“, постои листинг од еден мобилните оператори дека е вртено на бројот на Вања. Тој телефон наводно го користела мајката на Палевски. Но, телефоните не се одземени, ниту се вештачени. Одземен е само лаптот, таблет и еден ајфон.
Исто така, навистина е чудно зошто двајцата сведоци не го потврдија настојувањето на обвинителката која се трудеше да извлече дека додека траеле претресот некој свртел на бројот на Вања.
На следното рочиште во петок ќе се изведуваат материјални докази и ќе видиме дали меѓу нив ќе биде и овој.