Пред почетокот на денешното рочиште за двојното убиство, обвинителката Жаклина Крстевска се изјасни дека не можат да го обезбедат сведокот Гоце Трајковски, кој може да биде клучен во истрагата бидејќи тој ги обезбедил клучните снимки од возилото на Панче Жежовски со кое беше грабната Вања Ѓорчевска.
Обвинителката го информираше судијата Ивица Стефановски дека лицето не се наоѓа на пријавената адреса.
Судијата најави дека ќе се обидат да го обезбедат, па дури потоа ќе одлучи што ќе прави со овој сведок.
На тоа се надоврза адвокатот на обвинетиот Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, кој побара во судот да се чита исказот што Трајковски го дал во Обвинителството.
На претходните судења мајката на Трајковски го правдаше синот дека има панични напади и затоа не може да дојде. Во меѓувреме се појавија информации дека Трајковски се бара од полицијата за друго дело.