Skip to main content

Велосипедска друмска трка се одржа во Кумановско во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал

Општина Куманово
Општина Куманово

 Во Куманово денеска се одржа велосипедска друмска трка во кадетска машка и женска категорија во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) 2025, кој се одржува во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска) од 20 до 26 јули 2025 година. Трката била во организација на Европскиот олимписки комитет.

Како што информираат од општинската прес-служба, женската трка се одржа на релација Куманово – Челопек – Куманово во должина од 50 км, а машката трка на релација Куманово – Драгоманце – Куманово во должина од 60 км.

Во женска категорија првите три места ги освоија претставници на Италија, Белгија и Велика Британија. Во машка категорија – претставниците на Австрија, Франција и Велика Британија биле најуспешни наведуваат од општината.

Поврзани вести