Skip to main content

Активни седум пожари во државава

На територија на државата остануваат активни седум пожари. Три пожари се ставени под контрола, а 19 се изгаснати. 

Од Центарот за управување со кризи вечерва информираа дека на територија на државата се регистрирани вкупно 29 пожари. 

Активни се пожарите кај селото Нивичино меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, кај селото Грешница, општина Македонски Брод, меѓу селата Локвица и Крапа, исто така во Македонски Брод, кај селото Беловиште во општина Прилеп, меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино, кај селото Вакцинце во општина Липково и меѓу селото Горно и Средно Коњари во општина Петровец. 

Под контрола се пожарите меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, кај селото Латово во општина Македонски Брод и кај тунелите на автопатот Е-75 во општина Демир Капија. 

Поврзани вести