
Руските сили за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и неутрализирале 35 украински дронови, од кои три биле над Московската област, соопшти руското Министерство за одбрана.
Најголем број дронови од типот авиони, односно девет беспилотни летала, биле соборени над територијата на Брјанската област, пренесува „Руска газета“. Уште седум украински дронови биле уништени на небото над Ростовската област, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, шест дронови на украинските вооружени сили биле уништени над Калушката област. Три беспилотни летала биле соборени над Самарската и Тулската област, а ист број биле соборени и над Московската област, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Во Самарската област, дроновите биле соборени при обид за напад на индустриско претпријатие, соопшти гувернерот Вјачеслав Федоришчев.
Уште два дрона биле уништени на небото над Белгородската област, по еден над Курската област и над Црното Море.
Во Ростовската област, по нападот на украинските вооружени сили и падот на отпадоци од соборени беспилотни летала, се запалила трева во дворовите на неколку приватни куќи. Пожарите во селото Красни Сад биле брзо изгаснати, соопштија локалните власти.