
Скопје, 21 јули 2025 (МИА) – Без вода утре од 8 часот ќе бидат Универзитетот ФОН и зградите спроти овој универзитет во општина Гази Баба, а од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“ во општина Центар.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во општина Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок на улица „Индустриска“ 1/27 спроти Универзитетот ФОН.
Прекинот, пак, во општина Центар е поради промена на вентил во шахта на улица „Ленинова“ 73 во населба Центар.
Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/ев/