Skip to main content

Бекам сакаше сам да се потстрижи со машинката, си направи „дупка“

Дејвид Бекам повторно го привлече вниманието – овојпат поради „несреќен случај“ при стрижење што се случи во неговата бања. Имено, додека се обидуваше сам да си ја потшиша косата со машинка, поранешниот англиски фудбалер случајно остана делумно ќелав…

Бекам, кој неодамна наполни 50 години, реши да му се врати на стилот на ниско истрижена глава, по што беше препознатлив на почетокот на ова илјадалетие. Но, при потшишувањето, му паднал додатокот од машинката, што резултираше со несакано подлабоко отстранување коса и нерамномерен изглед што личи на „дупка“ во фризурата и не може лесно да се поправи. И покрај несреќата, Бекам не се вознемири премногу, па и самиот го зачини хуморот на социјалните мрежи со опуштеност и самоиронија.

Видеото од целиот комичен случај го сподели неговата сопруга Викторија Бекам на својот профил на Инстаграм. Нејзиниот коментар гласи: „Не изгледа добро… Секогаш ќе бидам искрена со вас – изгледа ужасно“.

Бекам е познат по своите различни фризури низ годините, а избричената глава е една од неговите најпрепознатливи. Во неодамнешно интервју за „Оверлап“ (The Overlap), тој рече дека тоа сè уште е неговата омилена фризура, бидејќи е едноставна и практична.

Поврзани вести