
Здравко Чолиќ одбил да настапи во еден клуб во Црна Гора, иако му понудиле 50.000 евра за една вечер, само поради една причина – концертот требало да започне во 1:30 по полноќ – премногу доцна за пејач кој веќе си има воспоставени правила и рутини.
Чола го викнаа неодамна да пее во Црна Гора. Понудата беше 50.000 евра, што е и неговата стандардна цена. Но, бидејќи настапот беше закажан во 1:30 часот по полноќ, тој одби. За него тие пари не прават разлика, изјавил извор близок до пејаот за српските медиуми.
Иако клубот не се откажува и се надева дека ќе најдат компромис, годинава Чолиќ го смени пристапот. За разлика од своите колеги, тој нема екстравагантни барања – тој само сака подигната бина, без нарачки на песни и фотографирање со гости на приватни забави.