Skip to main content

Автомобил влетал во толпа пешаци во Холицуд, најмалку 30 повредени

принтскрин

Автомобил удри во толпа на булеварот Санта Моника во Источен Холивуд во раните утрински часови денеска, при што беа повредени најмалку 30 лица, соопштија службите за итни случаи во Лос Анџелес.

Противпожарната служба на Лос Анџелес изјави дека седум од жртвите се во критична состојба, а шест во сериозна.

Одделот соопшти дека 124 пожарникари помогнале на местото на настанот и дека полицијата истражува.

Булеварот Санта Моника е главна сообраќајница низ Беверли Хилс. Исто така, тој е дел од Патот 66, познат по филмот и популарната музика.

Фотографиите од местото на настанот покажаа темно сив автомобил со големи оштетувања на предниот дел и остатоци расфрлани по патот. 

Поврзани вести