Skip to main content

Зошто при полетување и слетување ролетните треба да бидат кренати?

За време на полетувањето и слетувањето на патнички авион, стјуардесите ги замолуваат патниците да ги подигнат ролетните на прозорците. Зошто е тоа така?

Причините се поврзани со безбедноста на патниците, појасни „Лад-бајбл“ (LadBible). Стјуардесата Шер говори за тоа правило на својот „Тикток“.

– Постојат неколку американски авиокомпании коишто сè уште го бараат тоа. Ве замолуваат да ги подигнете ролетните за време на возењето по пистата, полетувањето и слетувањето. Ако некогаш сте морале да го направите тоа и сте се запрашале зошто, само погледнете ги сите вести за делови од авиони што паѓаат или мотори што се запалуваат… Кога ќе размислите каде седат стјуардесите и пилотите, тие немаат јасен поглед на пр. на крилата. Не може да го видиме целиот авион од нашите седишта. Авиокомпаниите што бараат од вас да ги подигнете ролетните за прозорци сакаат да бидат сигурни дека ако нешто падне, изгори или е оштетено, патникот може да го види и веднаш да ги извести другите членови на екипажот, објасни таа.

Стјуардесата нагласува дека екипажот не сака да ги нервира патниците со своите барања, туку само сака да ги заштити. Со отворени прозорци, во случај на непредвидена и несакана состојба, стјуардесите ќе можат брзо да ги проценат надворешните услови

Поврзани вести