
Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет, се наведува во соопштението.
Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти.