Skip to main content

Ова се противниците на РК Вардар во Лигата на Европа

 Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Вардар денеска ги дозна ривалите од групата во Лига Европа. „Црвено-црните“ се во групата Ф, а ривали им се Кристијанстад, Тулуз и победникот од натпреварот Дуго село / Сесвете. 

Според квалитетот на екипите „вардарци“ имаат реални шанси за пласман на едно од првите две места, иако имињата на ривалите не се атрактивни. 

Алкалоид доколку го мине Хановер во квалификациите за ривали во групата ќе Фредериција, Татран и победникот од дуелот Савехоф – Малме. 

Термин за одигрување на првиот натпревар е 14.октомври, а групната фаза завршува на 2.декември годинава

Поврзани вести