
Синоќа се одржа филмска вечер под отворено небо на која беше прикажан „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, еден од најзначајните и највлијателни македонски филмови од последната декада.
Тоа беше ретка можност повторно да го доживееме овој топол, духовит и пред се хуман филм на големо платно, во уникатна атмосфера под отворено небо, а по проекцијата присутните проследија разговор со режисерот Ѓорче Ставрески и дел од актерската екипа, која ја модерираше Јане Алтипармаков, режисер и филмски критичар.
На крајот од разговорот беа откриени детали за новиот филм на Ставрески и од прикажаното можеше да се види дека станува збор за црно-бел филм.