
На 16.07.2025 во 15.24 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од патот Битола-ГП Меџитлија со локален пат за с.Оптичари и локален пат за с.Бистрица, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола и патничко возило „опел астра“ со српски национални ознаки, управувано од П.Ш.(61) од Република Србија, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.