
Вчера околу 16.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Киро Глигоров“ и ул.„Перо Наков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од И.Ј.(42) од Скопје и електричен тротинет управуван од машко лице, кој по несреќата го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.