
Изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, на којашто ќе бидат изложени дел од највпечатливите фотографии чии автори се млади таленти од целиот Западен Балкан ќе се одржи на 15 јули, 2025 г., вторник, во 10:00 часот, во Europe House, Скопје
Изложбата официјално ќе ја отвори Александар Меламед од Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
На публиката ќе ѝ се обрати и Самра Лучкин, координатор на кампањи и менаџер за стратешки комуникации од WeBalkans, која ќе ја претстави кампањата и изложбата на фотографии. Потоа ќе се обрати и Теодора Цветковска, новинар и член на жири комисијата, која ќе го сподели своето искуство за изборот на победнички фотографии од Македонија и својот став за моќта на спортот да ги надминува границите и да ги поврзува младите.
Со изложбата ќе се заокружи регионалниот фото-натпревар, на кој учествуваа речиси 200 фотографии, во рамките на кампањата „Три, четири, сега! Европа е наша!“ на „WeBalkans“ – иницијатива на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија.
За време на настанот ќе се обратат и Сара Глоговац и Клое Кузигу кои ќе зборуваат во име на Европскиот младински олимписки фестивал и мрежата на волонтери. За крај, Катарина Маринковиќ, млада европска амбасадорка ќе зборува за ентузијазмот на младите за спортот, креативноста и европските вредности.