Skip to main content

Полицијата го фати битолчанецот кој избоде маж на пазар и избега

Полициски службеници од СВР Битола на ул.„Генерал Васко Карангелески” во комплекс „Нов Пазар” во Битола го лишиле од слобода К.С.( 42) од Битола.

Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола во СВР Битола пријавил дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал. Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (син на Ј.С.) и со остар предмет му нанел повреди на А.Б.. Со возило на Итна медицинска помош Битола А.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С. за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Од Основното јавно обвинителство Битола претходно денеска известија дека донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Поврзани вести