Skip to main content

Доаѓа африкански бран за викендов, но нема да има екстремно високи температури

Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, односно од Африка, викендов повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, а времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.

Според прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски во Скопје и околината викендов времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата пак ќе бележи поголем пораст.

Поврзани вести