
Нема поубаво кога крајот на сезоната ќе се закити со медал. Токму тоа го направи и нашата Ева Соколовска, која на републичкиот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија освои злато.
Илина и Ева Соколовски се македонски девојчиња кои со семејството живеат во Германија и кои речиси и да нема натпревар а да не се закитат со медали.
Ева последниве два месеца настапуваше и во јуниорска категорија постигна одлични резултати .Таа во големото германско финале во група го освои четвртото место, додека минатиот викенд се натпреваруваше самостојно со три кореографи на интернационалниот турнир во Северна Вествалија, поточно во градот Верне каде освои злато. Ева учествувше со уште 25 натпреварувачки во јуниорска категорија, настапи со топка, холохоп и чуневи и благодарејќи на талентот и сречата и тргна се од рака и во трите кореографи имаше највеке бодови , а тоа и го донесе првото место.
Но, ова не е се за овие наши девојчиња. Ие ни открија дека откако ја завршија оваа сезона ги очекува уште еден предизвик. Илина и Ева по трет пат ќе ги бранат боите на Македонија на Балканско првенство.
Илина, пак, пред неколку недели ги бранеше боите н Македонија на натпревар во Баку, Азербеџан.
Илина и Ева заслужено заминуваат на летен одмор и, како што велат, едвај чекаат бидејќи одморот за нив значи доаѓање во Скопје. Но, и ова доаѓање нема да биде класичен летен одмор за нив, бидејќи секоја година во населбата Илинден. Од тука, од нивното родно скопје почуваат подготовките за следната сезона, каде ги очекуваат нови успеси…